Британскиот принц од Велс, Чарлс и неговиот син, принцот Хари во последно време наводно прават напори за да ги затоплат своите заладени семејни односи.
Имено, тие наводно, разговарале еден со друг, оти Чарлс сакал да ги види своите внуци, па настојува „американското семејство“ наскоро да ја посети Велика Британија.
„Принцот од Велс често разговара со својот син изминативе месеци. Тој многу го сака и него, и двете негови деца и со нетрпение очекува тие да можат да минуваат повеќе време заедно во блиска иднина“, вели близок извор за „Мирор“.
Откако принцот Хари и Меган Маркл се преселија во Лос Анџелес, според неименуваниот извор, принцот Чарлс немал многу можности да ги види двегодишниот Арчи и седуммесечната Лилибет, и тоа навистина го погодило.
„Во меѓувреме, имаше низа добронамерни и пријатни повици меѓу нив, што е нешто што принцот (Чарлс) со нетрпение го очекува“, продолжува изворот.