109
Британската принцеза Кејт Мидлтон еденеска се појави во јавноста за прв пат по шест месеци, откако во март објави дека боледува од рак.
Таа на прославата, роденденот на кралот, пристигна заедно со синот Џорџ и нејзиниот сопруг принцот Вилијам.
Денеска е официјален роденден на кралот Чарлс во Велика Британија, а повеќе од 1.400 војници, 400 музичари и 200 коњи ќе учествуваат на парадата „Trooping the Color“ што по тој повод ќе се одржи во Лондон.
Кралското семејство ќе се собере на балконот на Бакингемската палата над која ќе прелетаат повеќе од 30 воени авиони, пишува Мирор.