Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон беше подложена на операција на абдоменот во Лондон и ќе остане во болница до две недели.
Кенсингтонската палата соопшти дека таа најверојатно ќе биде надвор од кралските должности неколку месеци.
Принцезата од Велс беше примена во болница на 16 јануари на планирана операција, точно една недела по нејзиниот 42-ри роденден. Палатата Кенсингтон во средата на 17 јануари потврди дека операцијата била успешна.
„Скај њуз“ објави дека планираната операција била рутинска и дека не се работи за рак.
Објектот во кој се лекува Кејт е една од најголемите приватни болници во Англија. Годишно во него престојуваат повеќе од 23.000 пациенти. Имаат соби со приватни бањи, клима, ТВ и радио и безжичен интернет.
Има и консиерж услуга, кафуле и специјално мени за пациенти, внимателно одбрано.
Палатата Кенсингтон, претходно објави дека принцезата од Велс се очекува да остане во болница од десет до 14 дена, по што ќе се врати во својот дом во Виндзор каде ќе продолжи со опоравувањето.
Палатата Кенсингтон не даде точна временска рамка, но во нејзиното соопштение се вели дека, врз основа на сегашните медицински совети, мала е веројатноста таа да се врати на јавните обврски до Велигден.
Се претпоставува дека закрепнувањето ќе трае неколку месеци, кога лекарите ќе ѝ одобрат да се врати на своите обврски.
Кралскиот дописник на Скај њуз рече дека верува оти и принцот Вилијам ќе одложи неколку ангажмани за да биде со децата додека Кејт е во болница. Принцот вчера околу пладне бил виден како ја напушта клиниката во која престојува Кејт, откако ја посетил сопругата.