Принц од Врање пеел на охридскиот плоштад, со бакшишот си го продолжил одморот во Охрид

by fokus

Младиот пејач Стефан Здравковиќ, познат во регионот како Принц од Врање, доаѓа во Охрид каде ќе настапи на Интернационалната вечер на фестивалот ,,Охридски трубадури”, во дует со Гоца Тржан.

Музичарот вели дека се радува на настапот во Охрид и открива како пред десеттина години заедно со друштво имал можност да направи мал концерт на охридскиот плоштад.

– Учество на 30-то, јубилејно издание на „Охрид фест“ за мене е особено значајно. Да си дел од вака престижен настан со толку големи уметници е вистинска чест и прилика која не е честа. Дадо Топиќ, Неда Украден, Срѓан Марјановиќ… се извонредни музичари и да си во нивното друштво, на иста сцена, за мене е голема инспирација.

Инаку, пред десетина година имав прилика со друштво да пеам на плоштад во Охрид, направивме мал концерт и имавме добра реакција на публиката. Од бакшишот што го добивме, го продолживме одморот на уште два дена. Сега се чувствувам привилегирано што ќе бидам дел од фестивалот кој ја слави музиката и уметноста, и се надевам дека ќе и донесеме радост на публиката- вели тој.

Раскажа и дека со оглед на тоа што е од Врање, за него македонската музика уште од дете била блиска и позната. Татко му често ја пеел ,,Зајди, зајди”, а тој бил голем обожавател на Тоше Проески.

Принц и Тржан ќе настапат во Охрид со дуетот ,,Мирно”

Вики Клинчарова

Поврзани новости