Примислав Димовски сменет од началничкото место од Единицата за интервентна полиција

by fokus

Примислав Димовски е сменет од началник на Единицата за интервентна полиција, дознава Фокус.

Според нашите информации тој е деградиран и поставен за советник за сообраќај.

Се очекува одговор од Министерството за внатрешни работи зошто Димовски е сменет и кој ќе биде на негово место.

Димовски беше командант на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфи“, а во 2019  година беше назначен за началник на новата Единица на интервентна полиција.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости