Инфективното одделение во прилепската болница „Борка Талески“ е преполно, а директорот, Драган Богоески вели дека се поставуваат дополнителни кревети и имаат недостаток на инфектолози.
– Денеска имаме 28 пациенти на лекување на Инфективното одделение. Речиси еден месец бројката се движи од 22, 25 до 30 пациенти на одделението. Голем број се со потешка клиничка слика. Имаме од седум до 11 кои се на кислородна поддршка и таа состојба речиси еден месец се провлекува. Се уште има релативно голем број инфицирани. Оптималниот број пациенти кои треба да бидат на одделението е 25 до 26 пациенти. Поради потребите, имаме поставено дополнителни кревети во собите и максимумот е 30 пациенти. Во случај да има потреба за сместување повеќе пациенти, договарано е при комуникација со министерот за здравство и со колегите од Битола, тројца до четворица пациенти да се лекуваат во тамошното инфективно одделение. Засега, немаме друг начин, вели Богоески, а јавува прилепскиот портал „Маркукуле“.
Делот кој се подготвува за ургентно одделение е ставен на располагање за пациенти кои се сомнителни со симптоми или слични на Koвид-19 кои ги чекаат резултатите од тестирањето. Во сите одделенија од болницата има соби за изолација за пациентите кои се лекуваат од други болecти и евентуално покажале симптоми за Koвид-19.
Инфективното одделение се соочува и со недостиг од персонал, моментално еден инфектолог е позитивен и има само тројца специјалисти.
-Правиме напори да го решиме тој проблем, евентуално со персонал од другите одделенија, но и таму има недостиг од персонал, па ќе побараме помош од другите места со инфектолози ако има добра волја да помогнат, вели тој.
Во Прилеп денеска има пет нови случаи на заболени од кopoна виpycoт, а 10 се оздравени. Активни се 132 случаи, од кои 103 се на домашно, а 29 на болничко лекување, а 22 граѓани се во самоизолација.