Прилепскиот мермер се извезува во Катар, САД, Шпанија, Грција и Кина

by fokus

Прилепската компанија со странски капитал „Мермерен комбинат“, годинава ќе ја заврши со експлоатација на 30.000 метри кубни мермер и производство на близу 70.000 метри квадратни мермерни плочи наменети за светскиот пазар, каде прилепскиот бел мермер се уште е најбаран.

Наведе директорот на „Мермерен комбинат“ Периклес Николау на денешната средба со локалните власти во Прилеп, посочувајќи дека сега се испорачува мермер за Катар за Олимписките игри.

– Во -„Мермерен комбинат“ има 380 вработени лица. Прв приоритет е безбедноста на вработените кои имаат плати за 20 отсто повисоки од просечната плата во Македонија. Годишно инвестираме три до четири милиона евра за нови машини и за обука на вработените. Нашата цел е континуиран раст на компанијата и во производството. Имаме синергија со компанијата „Павлидис“, светски позната во бизнисот со мермер, нагласи Николау.

Истакна дека важен фактор за развојот е одличната соработка со Општина Прилеп.

– Годинава ќе имаме експлоатација на мермер од 30.000 метри кубни од рудникот „Сивец“ и ќе произведеме околу 60.00 до 70.000 метри квадратни мермерни плочи за пласман главно во Катар, САД, Шпанија, Грција и во Кина, како и во други места во светот, бидејќи прилепскиот бел мермер е најпознат и најбаран на светскиот пазар, изјави Николау.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски изјави дека посетата на една од најуспешните компании е дел од работните средби на локалната власт со прилепските компании, нагласувајќи дека имаат остварено одлична сдоработка, како и дека „Мермерен комбинат“ е општенствено одговорна компанија што и помага на прилепската и македонската заедница.

Поврзани новости