Регионалната музичка ѕвезда и српска победничка на Евровизија 2007, Марија Шерифовиќ, доаѓа во Македонија и ќе одржи голем концерт на градскиот плоштад во Прилеп. Настанот ќе се случува на 13-ти јули, во сабота, а покрај Марија ќе настапат и Тропико Бенд и ДНК.
Станува збор за славеничка забава во организација Прилепска пиварница по повод сто години од основањето, кое се случило во далечната 1924 година.
Пиварницата била изградена од браќата Грданоски и нивниот партнер Домлески, кои биле печалбари во Америка и купиле земја од турски земјопоседник. Прилепската пиварница денес е македонски бренд за производство на пиво и безалкохолни пијалаци во која се вработени околу 300 лица, а дополнително има уште околу 300 лица од надворешни компании кои работат за потребите на пиварницата.
На јубилејниот славенички настан кој во сабота ќе се одржи на прилепскиот плоштад, се очекуваат голем број на посетители од цела земја.