Прилепчанец пронајден мртов во река

by fokus

Тело на 67-годишен прилепчанец со иницијали О.Н. било пронајдено вчера околу 16.00 на место викано “Подводенци“ – Прилеп, во водите на локалната река, соопштија од МВР.

„Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција“, велат од полицијата.

Поврзани новости