523
На 25.12.2021 во 23,00 часот од полициски службеници на регионалниот пат Градско-Неготино кај с.Црвени Брегови од слобода бил лишен А.Ј.(20) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418 б од КЗ на РСМ.
Имено истиот во патничко возило “пасат“ со прилепски регистарски ознаки превезувал пет мигранти од Сирија. По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.