40-годишен прилепчанец со иницијали М.С. е повикан во полициска станица на разговор откако преку социјалната мрежа Фејсбук им се заканувал по живот на премиерот, Зоран Заев, и пратениците. Заканите следувале по гласањето за уставните измени во Собранието.
„На 12.01.2019 М.С. е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против М.С. ќе биде поднесена кривична пријава. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресатаcybercrime@moi.gov.mk“, соопштија од полицијата.