485
47-годишен прилепчанец ја нападнал со нож неколку години помладата поранешна сопруга и ја повредил, соопшти МВР.
-На 20.06.2022 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.А.(47) од Прилеп затоа што претходно со остар предмет ја нападнал и ѝ нанел повреди на неговата поранешна 43-годишна сопруга, велат од полицијата.
Осомничениот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.