896
Прилепчанец на возраст од 65 години денеска попладне го загуби животот откако изгоре во пожар, кој избувнал во гаражата од неговата куќа, пренесува „Телма“.
Се уште не се знае под кои околности се случил трагичниот настан, но од прилепското Основно јавно обвинителство за Телма потврдија дека нјаверојатно станува збор за несреќен случај.
Нешто пред 17 часот попладнево соседите виделе чад и слушнале викање, по што притрчале да помогнат. Го виделе во пламен телото на соседот во гаражата, го изгаснале огнот, но човекот не преживеал.