Прилепчанец им се заканувал со пиштол на полицајци во угостителски објект во Битола

by Fokus

Прилепчанец им се закнувал со пиштол на полицајци додека вршеле службени дејствија во угостителски објект во Битола.

Според информациите, Ф.И.(40) од Прилеп физички нападнал еден од полицајците.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.И.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 29.11.2024 во угостителски објект во Битола, пријавениот со огнено оружје се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а подоцна и физички нападнал еден од нив“ соопшти МВР.

Од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Битола на пријавениот му е одредена мерка притвор.

Поврзани новости