577
84-годишниот Ѓ.И. од Прилеп вчера попладне пријавил во полициска станица дека истиот ден на градскиот пазар од страна на две непознати лица му била извршена измама при што му одзеле 7.000 франци и 150.000 денари.
„Имено лицата под изговор дека заедно со оштетениот ќе отвореле златара, го убедиле да им ги даде парите кои дел ги имал дома, а дел ги извадил од банка, по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.