Пријавени вкупно 14 починати од Ковид-19

by fokus

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 8 починати лица од Ковид-19.

– 5 починати лица од Скопје (60г, 79г, 80г, 84г и 86г) и по едно починато лице од Кичево (69г), Неготино (68г), и Струмица (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови, велат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 6 починати лица.

-Од Тетово (2), Велес (1), Скопје (1), Куманово (1), Гостивар (1). Починатите лица се на возраст од 41г до 90г. Лицата за починати се пријавени во период од 28.02.2022 до 03.03.2022 година. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички услови и 3 лица во домашни услови. Од вкупно регистрираните починати лица (14), кај 12 лица се регистрирани коморбидитети, а 2 лица се пријавени без коморбидитети, велат од министерството.

Поврзани новости