Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.131 тестови, а регистриран е 381 нов случај на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (381), регистрирани се 80 реинфекции.
Регистрирани сe 775 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица од Скопје (58г) и Охрид (67г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, од Скопје (62г), Кочани (73г), Свети Николе (86г) и Ресен (64г). Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 18.08. до 21.08.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.145.675 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.929, бројот на оздравени пациенти е 326.990, на починати е 9.461, а бројот на активни случаи изнесува 2.478.