Пријавени 19 починати од корона вирусот, од кои шестмина во периодот од ноември до декември

by fokus

Во изминатите 24 часа се регистрирани 415 нови заразени од корона вирусот, но и 19 починати. Од Министерството за здравство појаснуваат дека од починатите, шестмина, биле подоцна пријавени, односно починале во периодот од ноември до декември.

-Пријавени се вкупно 19 починати лица. Пријавени се шест пациенти кои починале во тек на месеците ноември-декември. Починати се 11 пациенти од Скопје (69г, 75г, 80г, 65г, 66г, 61г, 67г,72г, 76г, 71г и 68г), два пациенти од Тетово (79г и 65г) и по еден пациент од Куманово (50г), Прилеп (78г), Велес (77г), Охрид (87г), Кичево (51г) и Гевгелија (69г). Од пријавените смртни случаи 18 се починати во болнички услови и еден во домашни услови, велат од министерството.

Поврзани новости