346
Откако имаше дојава за бомба на скопскиот аеродром, од ТАВ известија дека по проверките на МВР се установило дека пријавата е лажна.
-Меѓународниот Аеродром Скопје денеска преку електронска пошта доби закана за поставена експлозивна направа и случајот веднаш го пријавивме во Министерството за внатрешни работи. Единици на МВР веднаш ги презедоа
сите неопходни мерки и проверки, и утврдија дека заканата е лажна, соопштија од ТАВ.
Освен на скопскиот аеродром, дојави за бомби имаше и во 10 училишта.