Пријава за Авганистанец, за пари пренесувал мигранти од Грција во Македонија

by Fokus

МВР информира дека синоќа околу 20 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода С.З.(26) од Авганистан.

Претходно, на ул.„Маршал Тито“ во Гевгелија, тој бил затекнат со уште четири лица мигранти (двајца од Сиера Леоне и двајца од Конго) и по преземени мерки било констатирано дека С.З. ги пренесувал лицата преку државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија и за тоа им наплаќал.

Мигрантите биле спроведени во прифатно – транзитен центар Винојуг, а С.З. бил задржан во полициска станица.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости