Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не доживеа да види слобода“

by Fokus

Пријателите се простуваат од Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“ кој почина на 54-годишна возраст.

„Почивај во мир Игор… Не дочека синот да го видиш, не дочека слобода …не изедоа по затвори.!“, напиша Горан Ангелов-Ќосето.

„Чесен и исклучителен патриот, едноставен, директен и правдољубив, таков те запознав во мојот живот и таков ќе останеш засекогаш“, пишува Митко Чавков.

„Игор Југ починал утрово од срцев удар. Не доживеа да види слобода. Бог да го прости и на душа нека го носат оние кои прво го искористија па го оставија да изгние во зандана!!! А и оние кои го затворија сто години за “носење на пиштол” кој никој не го видел!“, напиша Јанаки Митровски.

Поврзани новости