345
Пригожин си потпиша специјална смртна казна, Путин не простува никому, коментира на Твитер Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател за несреќата во која наводно загина Евгениј Пригожин.
-Што се однесува до Пригожин: треба да почекаме да се расчисти маглата на војната. Сепак, јасно е дека Путин не простува на никој и го чекаше моментот. Очигледно е дека Пригожин си потпиша специјална смртна казна во моментот кога поверувал во чудните уверувања на Лукашенко и во не помалку апсурдниот искрен збор на Путин. Отстранувањето на командата на Пригожин и Вагнер два месеци по обидот за државен удар е сигнал на Путин до руските елити пред изборите во 2024 година: „Борете се! Нелојалноста е еднаква на смртта, напиша тој.