Пригожин се вратил во Русија?

by Fokus

Шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, во вторникот отиде во егзил во соседна Белорусија, според белорускиот претседател Александар Лукашенко, откако Русија ги отфрли обвиненијата против „Вагнер“ за време на бунтот минатиот викенд.

Белоруската набљудувачка група „Hajun Project“ објави податоци за следење на летот според кои авионот на Пригожин полетал од Белорусија за Москва во вторникот, а потоа веднаш полетал за Санкт Петербург.

Истакнатиот руски воен блогер Игор Гиркин тврди дека Пригожин се вратил во Русија за да преговара со високи руски претставници.

Овие тврдења не се независно потврдени.

Од Институтот за проучување на војната (ISW) велат дека ваквите шпекулации сугерираат дека страните можеби сè уште преговараат за деталите од договорот.

„ISW не може самостојно да потврди дали Пригожин навистина се вратил во Русија, или деталите за наводната посета, но Пригожин можеби се вратил накратко за да разработи дополнителни детали за договорот со посредство на белорускиот диктатор Александар Лукашенко“, се вели во најновото соопштение на ISW.

Поврзани новости