Пригожин обвини дека руските сили го нападнале кампот на Вагнер, Русија демантираше

by Fokus

Шефот на платеничката воена група Вагнер, Евгениј Пригожин денес го обвини руското воено раководство дека го нападнало воениот камп на Вагнер и убило голем број негови борци

„Тие не измамија подмолно. Бевме подготвени да направиме отстапки на Министерството за одбрана, сакавме да им го предадеме нашето оружје и да најдеме решение за понатамошна одбрана на нашата земја. Но, овие никаквци не се смирија“, изјави Пригожин на Телеграм.

„Тие видоа дека не скршија, па ги нападнаа нашите логори. Загинаа огромен број наши борци, наши соборци. Десетици од нив. Наскоро ќе одлучиме како да одговориме на овие злосторства. Следниот чекор е наш. ”  додаде тој, објави Си-Ен-Ен.

Руското Министерство за одбрана преку објава на Телеграм го демантираше нападот врз кампот на Вагнер, нарекувајќи ги пораките и видеата што се шират на социјалните мрежи за настанот „невистинити“ и „информативна провокација“.

Поврзани новости