Пригожин му се заканува на Путин: Плати или ќе се распадне целата линија на фронтот

by fokus

Шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, објави ново видео во кое му се заканува на рускиот претседател Владимир Путин дека линијата на фронтот може да се распадне сè до руската граница, па и понатаму, доколку неговите војници се повлечат.

„Ќе паднат сите одбранбени блокови, регионот на Луганск, но и Крим“, вели Пригожин.

Пригожин споменува недостиг на муниција на снимката, велејќи дека споровите околу плаќањето може да доведат до повлекување на неговите војници. „Владата потоа ќе биде принудена да му објасни на рускиот народ зошто сме во такви проблеми“, вели Пригожин.

Поврзани новости