Пригожин или е мртов или во затвор, а средбата со Путин била лажирана, вели пензиониран генерал

by Fokus

Шефот на бунтовничката платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, веројатно е или мртов или во затвор, а неговата популарна средба со рускиот претседател Владимир Путин по неуспешниот бунт веројатно била лажирана, вели поранешниот висок американски воен генерал Роберт Абрамс, пренесува „Њујорк пост“.

Пензионираниот генерал Роберт Абрамс, соработник на ABC News, кој претходно служеше како командант на американските сили во Кореја, ги сподели своите размислувања за неизвесната судбина на Пригожин по краткотрајниот вооружен бунт на групата „Вагнер“ минатиот месец.

„Моја лична проценка е дека се сомневам дека некогаш повторно ќе го видиме Пригожин во јавност“, изјави Абрамс за ABC News и додаде:

„Мислам дека или ќе го сокријат, или ќе го пратат во затвор, или ќе најдат некој друг начин, но се сомневам дека некогаш повторно ќе го видиме“.

Запрашан дали мисли дека милијардерот е жив откако го предизвика режимот на Путин како никој друг откако дојде на власт во 1999 година, Абрамс рече: „Јас лично мислам дека не е, а ако е, тој е некаде во затвор“.

Пензионираниот генерал изразил сомнеж и за состанокот што, според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Путин го одржал со Пригожин и сите негови високи команданти на „Вагнер“ на 29 јуни, пет дена по прекинатиот бунт.

Поврзани новости