647
Виновникот за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан во која загина 32-годишниот Гоце Димитриевски, а неговата сопруга беше тешко повредена и го загуби бебето, денеска беше осуден на условна казна.
Сопругата на Димитреивски и неговиот татко се револтирана од оваа пресуда.
-Денеска во Името на граѓаните на РСМ судијата Елена Илиевска Јосифовиќ при ОС Скопје 1 му изрече условна осуда на оној кој ми го одзеде сопругот на 32 години, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди!!! Само затоа што признал! Дно дна !!!, напиша сопругата на социјалните мрежи.
Димитриевски загина кога во неговиот мотор на кој се превезувале тој и неговата сопруга удрил џип кој непрописно вртел преку две полни линии.