Причините за зголемената смртност од ковид на Комисија за заразни болести

by Fokus

На денешната закажана Комисија за заразни болести има неколку точки на дневен ред, почнувајќи од тоа каква е епидемолошката состојба во државата потврди за „Фокус“, портпаролот доктор Злате Мехмедовиќ.

„Најпрвин ќе се дискутира за епиделиолошката состојба во државата, каква е моменталната слика, дали има зголемување или намалување на бројот на заразени. Потоа, на дневен ред доаѓа морталитетот за да можеме да видиме што може да се направи за тоа.

 

Исто така, тема на дискусија ќе бидат протоколите за настава, поточно дали би требало да има некои промени во тој дел, како и за антигенските тестови, како побрзо да се користат и времетраењето на сертификатот за прележаност“, истакна доктор Мехмедовиќ.

Тој најави дека ќе се дискутира и за пресметката на големиот број починати од корона вирус во земјава.

-Ќе дискутираме за морталитетот за да се знае колку од починатите се со две дози, колку не примиле бустер, колку време поминало после вакцинирањето, дали имаат одредени коморбидитети, појасни д-р Мехмедовиќ.

Бројките на починати од Ковид 19 никако да се намалат, па во последните десетина дена се движат од 25 до 39 на дневно ниво. Според последниот дневен извештај на министерството за здравство досега има починато 8.599 граѓани.

Како што претходно објави „Фокус“, пред само една недела Комисијата за заразни болести се надогради со нови членови, кои досега не биле дел од неа, а се смени и претседателот, па сега нов е доктор Александар Петличковски, кој доаѓа на местото на досегашниот епидемиологот  Жарко Караџоски.

Ирена Мулачка

Поврзани новости