По трагичниот настан, во кој од домашна пита со праз се затру цело семејство при што почина една жена, а нејзиниот сопруг и неговата мајка се во кома, се огласи докторот Нико Беќаровски. Тој вели дека причината за труењето не е ниту празот ниту брашното.
„За да не се шири непотребен страв кај населението, причината за фамилијарното труењето и за жал еден изгубен живот со пестицидот Метомил (карбамат), не е ниту “прсканиот праз” ниту брашното во питата.
Инаку доволна е една лажичка концентриран прашок од овој пестицид да предизвика смрт на возрасен човек. Повеќе информации барајте од МВР. Најдлабоко сочувство до фамилијата на починатата“ напиша Беќаровски.
Претходно, претседателот на Здружението на лаборанти, Ивица Апостолов, рече дека смртоносниот пестицид е забранет за продажба од 2015 година и апелираше до институциите да истражат од каде е набавен.