Kако што претходно најави еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, германскиот експерт Рајнхард Прибе пристигна во Македонија за да и помогне на Владата во спроведувањето на реформските приоритети.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во просториите на Министерството за надворешни работи ќе одржат работен пoјадок со Прибе, соопштија од Министерството за надворешни работи.
Премиерот Заев соопшти дека Владата работи на акциски план наречен „Патоказ“, што треба да се финализира до 1 јули, а во кој се опфатени сите предвидени реформи во клучните области како владеењето на правото, професионални државни институции, независни регулаторни тела и слободни медиуми.