Прибе одржа предавање во Охрид: Тука сум дојден како професор, не на политичка мисија

by fokus

Германскиот експерт Рајнхард Прибе одржа предавање пред учесниците на еднонеделната Школа на природно право што во организација на Македонската академија на науки и уметности и на Амбасадата на САД во Македонија се одржува во Охрид.

Прибе пред новинарите кусо одговори дека не е дојден во политичка мисија туку да се сретне и да поразговара со младите магистри и доктори по право и политички науки за демократските предизвици на земјата и функционирањето и вредностите на ЕУ.

„Немам конкретни пораки, ниту политички пораки, се надевам дека ќе имаме отворена дискусија со учесниците на школата. Од академска гледна точка ќе се обидам да објаснам што значи интеграцијата во Европската унија, да помогнам тоа подобро да биде сфатено и се надевам ќе имаме добра дискусија“, изјави Прибе.

Според најавите, Прибе во наредните денови треба да дојде во Скопје на средби со владини претставници за Итните реформски приоритети, како и за акцискиот план на Владата за нивно спроведување.

 

Поврзани новости