353
Малолетното девојче заврши со тешки повреди, а двајца возачи и тројца сопатници во возилата се полесно повредени.
Полицијата информира дека на крстосница од бул. „Трета македонска ударна бригада” и ул.„Перо Чичо” во Куманово вчера околу 16 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила „фолксваген голф”, едното управувано од И.К.(24) од Скопје, а другото од С.Н.(32) од Куманово по што возилото управувано од И.К. удрило во малолетничка.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште тројца сопатници од двете возила, констатирани во Општата болница Куманово.