554
Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија вчера го лишиле од слобода Ш.С.(29) од Скопје бидејќи при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и дигитална вага.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик