402
Полициски службеници од СВР Битола, по обезбедена наредба од битолскиот Основен суд, денеска извршија претрес во домот на битолчанецот Ф.Ф., при што пронајдоа 1.488 парчиња различни видови пиротехнички средства.
Како што информира МВР, пиротехничките средства се одземени, а со Ф.Ф. е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.