При кражба на автомобил застрелан е соработник на Трамп, лекарите се борат за неговиот живот

by Fokus

Мајк Гил, член на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е во критична состојба откако беше застрелан во Вашингтон.

Гил е сериозно повреден при обид за кражба на автомобил.

Нападот се случил околу 17:45 часот во понеделникот по локално време, а напаѓачот потоа убил едно лице додека се обидувал да украде друго возило. Полицијата потоа го ликвидирала.

Според американските медиуми, Гил, кој е татко на три деца, бил застрелан додека чекал да ја земе сопругата. Тој бил во возилото кога се пукало.

Соработникот на Трамп успеал да излезе од автомобилот ранет, а потоа паднал.

Портпаролот на семејството потврдил дека имало пукање и дека Гил се наоѓа во критична состојба.

Осомничениот за пукањето во Гил се обидел да краде автомобили во Вашингтон и Мериленд.

Поврзани новости