367
Синоќа во 01.55 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во угостителски објект на бул. „Србија“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир.
Како што соопшти полицијата, по завршување на работното време, вработениот одбил да им однесе пијалак на гостите кои седеле на една од масите.
После тоа, според МВР, две непознати лица започнале да го кршат инвентарот, да превртуваат маси и да фрлаат со маси и столови по останатите присутни гости во објектот, по што заминале во непознат правец.
Притоа, на повреди се пожалиле повеќе лица, но само В.Н.(45) од Скопје побарал лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.