372
Еве ви го ѓубрето, Еве ви го ѓубрето, извикуваат незадоволните тетовчани кои денеска излегоа на протест пред Општината каде истурија вреќи со ѓубре и превртеа контејнери затоа што веќе два дена пожарот во дивата депонија им го загадува воздухот. На протест се собраа десетици граѓани кои сметаат дека Општината не преземаа соодветни мерки за да се справи со овој проблем.
Насобраните извикуваа „Уа“, „Сакаме чист воздух“ и бараат оставки од првите луѓе на Општината. Сметаат дека градоначалничката, Теута Арифи, треба да ја напушти функцијата пред да и заврши мандатот со отпочнување на локалните избори.
Граѓаните се организираа преку социјалните мрежи откако вчера црн чад се креваше над Тетово поради пожарот што изби во дивата депонија.