Превозник од Бугарија: Апсурдно е како автобусот изгорел за толку кратко време

by fokus

Себахтин Исмаил, превозник од Бугарија, кој поседува нови автобуси од марката „мерцедес“, за бугарски портал појаснува дека при автобуската несреќа во која загинаа 45 патници, се случило нешто чудно, бидејќи според него невозможно е таков автобус, да изгори за толку кратко време.

Исмаил тврди дека сите автобуси произведени по 2018 година, а посебно од марката „мерцедес“, имаат вградени сигурносни системи, кои вклучуваат и противпожарна инсталација.

– Овој автобус нема како да се запали. При инцидент, оваа инсталација го запира автобусот и се отвораат сите сигурносни излези. Автобусот преминува во екстремен режим. Нема начин автобусот да продолжи, вели е превозникот.

Тој ја покажува и противпоажрната инсталација во моторот, сигурносните излези внатре во автобусот, камерите и т.н. црна кутија.

– Ова нe e тежок, ова е средно тежок инцидент и нема начин да се случи вакво нешто. Апсурдно е автобусот да изгори за толку кратко време, дециден е Исмаил.

Поврзани новости