Превезувал ученици, а немал возачка дозвола

by Fokus

Во последните контроли на возила кои вршат јавен превоз на ученици во гостиварско, двајца возачи ги управувале возилата без лекарски уверенија, а кај едно возило бил констатиран претовар, едно ја немало потребната опрема, додека еден возач управувал без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа.

При контролата, две возила веднаш биле исклучени од сообраќај, додека на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Пред три дена во ваква акциска контрола која била спроведена на пет локации, санкционирани биле 11 прекршители. Најмногу поради претовар на патници. Три возила исклучени се од сообраќај, а времено била одземена и една сообраќајна дозвола.

Од полицијата најавуваат контролни активности од овој вид и карактер планирани и во наредниот период. Нивната цел е да се придонесе за поголема безбедност на учениците кои користат јавен превоз до нивните училишта и домови.

Поврзани новости