Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во Струмјица лице кое превезувало мигранти во своето возило удрило во семафор, по што избегало од местото на настанот.
„На 20.08.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосница од улиците „Климент Охридски“ и „Братство Единство“ во Струмица, едно лице управувајќи патничко возило „фолксваген туарег“ со возилото удрило во семафор, по што возачот на возилото побегнал од местото на настанот“, соопшти МВР.
Од полицијата велат дека во моментот на несреќата во возилото се превезувале 17 лица мигранти од Сирија, од кои 6 малолетници и Н.Б.(45) од село Блаце, општина Чучер Сандево.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот Н.Б. и уште едно лице мигрант, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.