Превезувал мигранти, откако го запрела полицијата избегал

by Fokus

Скопјанец превезувал мигранти, полицијата го запрела кај село Прдејци, а тој избегал, соопшти Министерството за внатрешни работои.

Според МВР вчера  околу 11  часот на автопатот во близина на надвозник Негорци, во правец од Гевгелија кон село Прдејци, по даден знак за запирање на патничко возило мазда, со скопски регистарски ознаки од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица, возачот на возилото мазда го запрел возилото и го напуштил местото.

-Во возилото биле пронајдени 9 лица мигранти, од кои две од Ирак и седум од Сирија. Со нив бил извршен службен разговорот, по што биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Поврзани новости