Превенција од замастување на црниот дроб

by fokus

Поради важните процеси кои се одвиваат во црниот дроб, со право овој орган го нарекуваат „лабараторијата“ на организмот.Неговата улога е да ја прочистува крвта т.е да го одржува нивото на глукоза во крвта, ги разградува мастите, протеините и јаглехидратите, создава ензими, ги одржува нормалните концентрации на витамините, минералите и гликогенот.

Нашиот организам не може да функционира без него односно не постои друг орган или механизам кој може да ја преземе улогата на овој орган. Замастениот црн дроб или како што уште се нарекува стеатоза на црниот дроб е едно од најчестите заболувања кое го опфаќа овој витален орган и во наједноставна форма не претставува закана за негова нормална функција.

Меѓутоа, зголемената количина на наталожени масти може да предизвика големи компликации, како и негово целосно откажување. Значи,хепаталната стеатоза (замастен црн дроб) вклучува акумулација на триглицериди и други липиди во хепатоцитите.

Најчесто е резултат на нарушен метаболизам на масните киселини.Притоа мастите се акумулираат во црниот дроб и функционирањето на овој орган се менува; ова значи дека нашето тело не може правилно да ги елиминира отпадните материи што влегуваат во нашето тело, особено преку она што го јадеме и пиеме.

Злоупотребата на алкохол и зависноста се најчестите причини за хепатална стеатоза, бидејќи прекумерното внесување на оваа супстанца предизвикува оштетување на црниот дроб. Исто така ризик фактори за појава на замастен црн дроб се дебелината, диети богати со шеќер и маснотии (што може да предизвика дијабетес тип 2 и хиперлипидемија),покачен крвен притисок,глад или брзо губење на тежината, некои лекови итн.

Обично оваа болест се нарекува „тивка болест“ бидејќи често не е пропратена со никакви симптоми посебно во почетната фаза. Во унапредената фаза за која е потребно да поминат неколку години понекогаш и децении можат да се појават нетипични знаци како слабост, губење на апетитот, мачнина, конфузност или проблем со концентрација.

Освен тоа можат да се појават болки и во централниот или горниот дел на стомакот, темни дамки на кожата или подлактиците и зголемување на црниот дроб. Како да се излечи? Целта на третманот е да се подобри стеатозата и да се спречи

прогресијата на фиброзата, што може да доведе до цироза и нејзините компликации. Во моментов, иако нема специфични терапии за лечење на замастениот црн дроб постојат природни суплементи кои значително ја подобруваат неговата структура и функција.

Еден од нив е Силимаринот (екстракт од плод од млечен трн). Силимаринот го зголемува нивото на глутатион во црниот дроб, а глутатинот е најважниот антиоксиданс за заштита на црниот дроб. Тој ја инхибира липидната пероксидација, ја засилува глукоронидацијата,има антиинфламаторни ефекти ,стимулира зголемена синтеза на протеини во хепатоцитите – регенерација на хепаталното ткиво.

Има антагонистичко дејство спрема голем број отрови на црниот дроб, спречува повторна пенетрација на токсините,врши индукција или активирање на ензими кои разградуваат туѓи супстанции во црниот дроб.Најважно од се е дека ја стимулира регенерацијата на клетките по нивното оштетување.

Но регулирањето или лечењето и на која било друга причина за нарушување на функцијата на црниот дроб како што е на пр.дијабетесот е исто така од големо значење. Важни се и препораките понудени за луѓето со оваа болест :намалување на телесната тежина следејќи балансирана и здрава исхрана,зголемување на физичката активност,целосно откажување од алкохол.

Доколку е во прашање алкохоличарски масен црн дроб најважата работа е целосно престанување на конзумирање на алкохол.Освен калориите потребно е да го намалите конзумирањето на преработените намирници, посебно оние кои содржат јаглехидрати (бел леб, тестенини,компир,пченка,концентриран шеќер, и транс масти).

Одржувајте здрава тежина. Ако имате прекумерна тежина или дебелина, намалете го бројот на калории што ги внесувате секој ден и вежбајте повеќе. Обрнете посебно внимание на часовите на спиење, минимум 8 часа на ноќ, како и на одморот и релаксацијата воопшто.

Мр.Фарм Соња Пецевска

ПР текст

Поврзани новости