Претставници на партијата на Курти ќе бидат на пратеничките листи

by fokus

Претставници на движењето „Самоопределување“ ќе бидат на заедничките листи како поединци, не како партија. Тие имаат исти убедувања со нас и веќе се дел од коалицијата Европски сојуз за промени. Советникот на Албин Курти за Македонија, Беким Ќоку, е стружанец, тој е македонски државјанин и порано бил пратеник во Собранието, така што не го спречува ништо да се најде на кандидатска листа за пратеник.

Ова е објаснувањето на лидерот на Европскиот сојуз за промени по вчерашната најава дека партијата на косовскиот премиер Албин Курти ќе биде дел од коалицијата на албанските опозициски партии што предизвика реакции бидејќи странски партии не можат да учествуваат на избори, а Самоопределување нема формирано своја партија во Македонија

Беким Ќоку во април годинава беше именуван за надворешно-политички советник на Албин Курти за односите со Македонија. Тој е поранешен член на Алијанса за Албанците, партијата на Арбен Таравари, која во моментов е дел од владејачката коалиција.

-Не е непознато сестрински партии да учествуваат во политичка поддршка на партии во други држави, но јас досега немам видено партии од други држави да учествуваат во изборен процес во друга држава. Не знам како точно е пренесена изјавата на еден од претседателите на партиите во опозицискиот блок, треба да се види на што точно се мисли. Треба да се провери на кој начин тие би учествувале, како и на што точно се мисли. Треба да се провери и Изборниот законик, како и регистрирањето на партиите, оцени премиерот Димитар Ковачевски.

Поврзани новости