Претставникот на „Ериксон“ ја завршил работата во УБК

by fokus

Експертот на „Ериксон“ денеска бил во УБК каде беше повикан во рамките на претресот на системот за следење на комуникации, јави Телма.

Експертот кој е од Италија според истите извори веќе ја завршил работата за која е повикан и заминал од министерството.

СЈО засега не открива детали за посетата на странскиот експерт.

Опремата „Ериксон“ е во МВР и е сопственост на телекомуникациски оператор, а СЈО проверува дали преку опремата има записи за нелегално следење на комуникации во рамките на предистражна постапка отпочната минатата среда во просториите на тајната полиција.

Поврзани новости