Претставник од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде вклучен во преговорите за коридорите 8 и 10

by fokus

Владата на денешната седница седница ја разгледа и усвои информацијата за конституирање на Комитет за преговори и преговарачкиот тим за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 Д (Делница на автопатот Прилеп-Битола), по предлог на Министерството за транспорт и врски.

За членови на Комитетот за преговори се определени првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерите за борба против корупцијата и за економски прашања, Љупчо Николовски и Фатмир Битиќи, министрите за финансии, за животна средина, за труд и социјална политика, за економија, за транспорт и врски, Фатмир Бесими, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Крешник Бектеши, Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми.

– Како посебен заклучок по оваа точка, Владата одлучи да достави допис до Собранието со барање за член на овој Комитет да биде номиниран и претставник на најголемата опозициска партија, информираат од Владата.

Поврзани новости