477
Претседателските избори во Белорусија ќе се одржат не порано од 9 август, но не подоцна од 30 август годинава, соопшти денеска претседателот на Централната изборна комисија Лидија Ермошина.
– За претседателската кампања се предвидени три месеци, така што наjраниот датум е 9 август. Крајниот рок е 30 август, посочи таа.
Ермошина појасни дека дека Парламентот на Белорусија на вонредна седница утре ќе го одреди датумот за избори.
Таа, уште рече дека не гледа причина за одложување на претседателската кампања. – Изборите можат да бидат одложени во случај на вонредна состојба. Сигурни сме дека такво нешто нема да се случи, вели шефицата на ЦИК.