Претседателот во иднина да се бира во Собранието – ова е условот за да се добијат гласовите на ДУИ во вториот круг, вели Груби

by fokus

Услов, за да ДУИ ги даде гласовите во вториот круг, доколку отпадне нивниот кандидат Бујар Османи, ќе биде претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието, истакна Артан Груби во интервју за ТВ Сител.

„Ние имаме многу јасен став и тоа го кажа и г. Ахмети, а тоа е и во нашата програма, бараме претседател да се бира во Собранието со двотретинско мнозинство плус бадентерово мнозинство што би обезбедило и општествен консензус што би можел да биде злоупотребен од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заедно кои можат да ги надгласаат другите заедници затоа што заедно имаат 80 пратеници. Затоа, за да се обезбеди волјата и на другите заедници, наметнуваме решение со бадентерово мнозинство. Тоа е условот за коалицирање во вториот круг ако Османи не влезе во вториот круг, рече Груби.

На прашањето дали во моментов ДУИ е поблиску до коалиција со ВРМО-ДПМНЕ или со СДСМ, тој избегна конкретно да одговори велејќи – од денешен аспект најблиску сме до коалиција со народот.

Тој додаде дека ДУИ, заедно со Европскиот фронт, на претстојните парламентарни избори цели на освојување 20 пратенички места.

Поврзани новости