Претседателот Пендаровски свика седница на Советот за безбедност

by fokus 08:18
08:18

Претседателот Стево Пендаровски, за денеска во 14 часот, свика седница на Советот за безбедност.

На седницата, како што соопшти кабинетот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за финансии, Нина Ангеловска.

- Advertisements -

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на Facebook страницата на претседателот и на YouTube каналот.

Поврзани новости