Претседателот Пендаровски со сочувство за смртта на кралицата Елизабета

by Fokus

Изразувам најдлабоко сочувство за смртта на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета II“, напиша претседателот на Македонија, Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил по смртта на кралицата Елизабета Втора.

Како што додава тој во својата објава на социјалните мрежи, кралицата Елизабета Втора ќе биде инспирација за новите генерации.

„Нејзината доживотна определба да му служи на народот, посветеност и лидерство дури и во најтешките мигови, ќе бидат трајна инспирација за новите генерации“, додава Пендаровски.

Поврзани новости