93
Македонскиот Претседател Стево Пендаровски денеска напладне ќе има годишно обраќање во Собранието.
Обраќањето на шефот на државата е согласно член 85 став 1 од Уставот, во кое ги известува пратениците за прашања од негова надлежност и е единствена точка на дневниот ред на 134. собраниска седница.
Обраќањето на Пендаровски во Парламентот е последно во неговиот мандат.
По обраќањето на Пендаровски, доколку во Парламентот има кворум, би можеле да се одржат продолженија на седници за кои има услови за тоа.